Активист доби забрана за посета на осомничените за убиството на Немцов

Андреј Бабушкин.

Руски активист за човекови права бил на распит пред руските инспектори, откако изјавил дека „се чини оти осомничените за убиството на опозиционерот Борис Немцов, биле малтретирани. Андреј Бабушкин, член на Советот за човекови права на Кремљ, рече дека федералните инспектори денеска го испрашувале како сведок во случајот за убиството на Борис Немцов. Тој изјави дека инспекторите му соопштиле дека сега не може да ги посетува осомничените во притвор, бидејќи и тој е сведок. По посетата во притвор на Заур Дадајев и двајцата други осомничени, Бабушкин изјави дека верува оти Дадајев „признал под присила“. Дадајев е поранешен полицаец во Чеченија и е еден од осомничените во притвор за убиството на Намцов. Новинар на московски весник, кој исто така го посети Дадајев во притвор, го цитираше како вели дека признал оти му било кажано дека ако го направи тоа, ќе биде ослободен еден од луѓето што се со него во притвор.