НАТО изрази разочарување од одлуката на Русија

НАТО изрази разочарување од одлуката на Русија да го суспендира учеството во Заедничката консултативна група на Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа. Руското Министерство за надворешни работи вчера на својата веб-страница ја објави одлуката. Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Белгија изјави: „ние сме разочарани од одлуката на Русија.“ Шефот на руската делегација на разговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена, Александар Мазур вчера изјави дека учеството на Русија во советодавната група е бесмислено од политичка и практична гледна точка и неоправдано од финансиска и економска гледна точка. Во соопштението се наведува дека Русија веќе го суспендираше учеството во Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа во 2007 година, посочувајќи дека плановите за ширење на НАТО ја направиле невозможна реализацијата на условите од договорот.