Грузискита Министерка за надворешни работи, Тмара Беручашвили ја повика Русија да ја запре нејзината агресивна политика против независни земји, велејќи дека агресијата против Украина не е изолиран случај.
Таа во обраќањето на Советот за човекови права на Обединетите нации рече дека на руската агресија против Украина, анектирањето на Крим и дополнителната дестабилизација на источните региони, меѓународната заедница треба соодветно да одговори.
„Ја повикуваме Руската Федерација да запре со агресивната политика против независни земји и ја потврдуваме нашата силна поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, рече Беручашвили.