Пратеникот на ОН за Сирија во Дамаск

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура утре во Дамаск ќе се состане со владините претставници со предлог за шест неделен прекин на воздушните и артилериски напади врз најголемиот град во земјата Алепо. Според планот, прекинот на огнот ќе им овозможи на претставници на Обединетите нации да достават хуманитарна помош во градот. Кризата во Сирија почна во март 2011 година со протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Од тогаш во конфликтите загинале над 200 илјади луѓе додека скоро 4 милиони ја напуштиле земјата.