Грчкото Министерство за финансии денеска до тројката кредитори го испратило писмото со реформите кои Владата ќе ги спроведе, соопштија медиумите од земјата. Мерките се во вид на политички предлози и во нив се посочени начините на кои Владата ќе се бори со корупцијата, ќе ја преструктуира државата и ќе се избори со хуманитарната криза.
По вонредната седница на кабинетот премиерот Алексис Ципрас соопшти дека списокот со мерки за реформи утре ќе им биде испратен на партнерите од ЕУ.