САД ја затвораат амбасадата во Јемен

САД ја затвораат својата амбасада во Јемен во услови на влошување на безбедносната состојба, откако главниот град во земјата го презема шиитска бунтовничка група. Неименувани официјални лица на САД соопштија дека американската мисија во Сана ќе биде суспендирана, се додека не се подобрат условите.

Вработените во британската, француската и германската амбасада биле цитирани како велат дека имаат мисија да се ослободат од одредени документи и на локалните вработени да им дадат два месеца платено отсуство. Претседателот Абд-Рабу Мансур Хади и неговата влада поднесоа оставка.