СОНК бара работна група да потврди дека се во генерален штрајк

Итно формирање на работна група составена од по еден претставник од министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука, Економско-социјалниот совет на национално ниво и Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура, со цел да се утврди фактичката состојба околу сите случувања поврзани со генералниот штрајк на СОНК, побара во денешното соопштение раководството на СОНК.

„Ќе бараме каков е наодот на работната група и истиот јавно да биде објавен со потписи на членови од работната група“, стои во соопштението.

Работната група треба да утврди кога се доставени барањата и докумнтите поради кои СОНК е во штрајк, и тоа врз основа на целата документација, која е заведена по датум, број, потпис и печат од органите на СОНК и доставена до ресорните министерства, со нивни печати за извршен прием. Работната група ќе треба да утврди дали се точни некои тврдења за висината на парите кои стигнуваат во Советот на СОНК.