Студентски пленум: Протест без политика

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Студентите очекуваат подршка од сите, но без политизација

На утрешниот протестен марш да нема национални и партиски симболи, а поддршка од сите засегнати.

Студентите утре ќе излезат на втор протестен марш против воведувањето на државниот испит на универзитетите, соопштија денеска организаторите од Студентскиот пленум. Тие најавија дека маршот ќе започне во 12 часот пред платото на универзитетот Св. Кирил и Методиј, а ќе продолжи до Собранието, па до Владата.

Повикаа на мирен марш и апелираа да нема никакви национални и партиски симболи. Од Студентскиот пленум изјавија дека очекуваат масовност и поддршка од професорите, средношколците и сите засегнати страни кои се грижат за квалитетот за високото образование.