Ештон останува посредник во разговорите за нуклерната програма на Иран

Кетрин Ештон ќе продолжи да посредува во разговорите меѓу Иран и светските сили за несогласувањата во врска со иранската нуклеарна програма. Федерика Могерини, која од први ноември ја презеде функцијата шеф на надворешната политика на ЕУ, ја именува Ештон за нејзин специјален советник во разговорите со Иран за нуклеарната програма. Иран и шесте сили- САД, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија минатиот месец не постигнаа успех во обидот за решавање на 12 годиншното несогласување за нуклеарните амбиции на Техеран.Тие си дадоа уште седум месеци за да се обидат да постигнат историски договор.