Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Русија им испраќа големо количество оружје на бунтовниците во источна Украина и ја засилува воената активност во Европа и во светот. На месечната прес-конференција денеска во Брисел, тој рече дека „напорите за траен мир продолжуваат“ и покрај секојдневното прекршување на договорот од септември за прекин на огнот во источна Украина. Столтенберг рече дека Русија и сепаратистите не го почитуваат прекинот на огнот кој има цел да стави крај на конфликтот во кој од април досега загинаа повеќе од 4.300 луѓе и доведе до заладувањето на односите меѓу Русија и Западот.
Столтенберг - Русија испраќа оружје во источна Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.