САД загрижени по соборувањето хеликоптер во Нагорно Карабах

Официјален Вашингтон изрази загриженост откако силите на Азербејџан собориле воен хеликоптер на таканаречните одбранбени сили на Нагорно Карабах, територија врз која контрола имаат еременските сепаратисти. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека инцидентот бил уште едно потсетување на потребата од намалување на тензиите и почитување на примирјето во регионот. Претставник на Нагорно Карабах ги демантира тврдењата на Азербејџан дека хеликоптерот бил во воена мисија.