Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна во Пекинг од каде што ја почнува азиската турнеја. Тој ќе учествува на самитот за економска соработка на земјите од азиско пацифичкиот регион, а ќе има средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг. Обама на 12 ноември ќе замине во посета на Мијанмар.