Рама: претстава на расизам на стадионот во Белград

Албанскиот премиер Еди Рама и неговиот брат Олси

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа изјави дека она што се случило на стадионот во Белград во текот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и Албанија било претстава на расизам и насилство. „Фудбалот не може да биде инструмент на политиката“, изјави Рама за Гласот на Америка. Според него, такви инциденти не можат да се случат во Албанија. Тој ги отфрли како неточни наводите дека неговиот брат Олси го организирал инцидентот кога со летало на далечинско управување над стадионот бил развиен транспарент со албанското знаме и карта на Голема Албанија. Тоа предизвика тепачка и прекин на натпреварот.