Порошенко предложи нов министер за одбрана

Украинскиот претседател Петро Порошенко го предложи шефот на Националната гарда, Степан Полторак за министер за одбрана. Тој вели дека Полторак е професиналец и патриот и почнувајќи речиси од ништо ја претворил Националната гарда во дисциплинирана борбена сила. Кандидатурата на новиот министер уследи откако
Валериј Хелетеј вчера си даде оставка, само по три месеци служба во услови на конфликт во источна Украина.