Шпанија - тројца во каранти поради ебола

По извештаите за медицинската сестра во Шпанија, заразена со ебола, властите денеска ставија уште три лица во карантин, меѓу кои и сопругот на медицинската сестра. Уште 50 други лица кои биле во контакт со неа се следат. Во болницата во Мадрид се врши истрага, откако шпанската сестра стана првиот човек заразен од вирусот надвор од земјите од Африка. Таа третирала двајца шпански мисионери, кои починаа од болеста, откако од Африка беа пренесен на лекување во Шпанија. Повеќе од 3.400 луѓе починаа од ебола, најголем дел од нив се од Западна Африка.