Седница на македонскиот Совет за безбедност

Во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во Вила Водно денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Советот за безбедност ќе заседава во состав: Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, Трајко Вељаноски претседател на Собранието, Никола Груевски претседател на Владата, Зоран Јолевски министер за одбрана, Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи, Никола Попоски министер за надворешни работи, како и Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини. Не е соопштено што е тема на состанокот.