Иранскиот претседател Хасан Рохани изрази незадоволство од напредокот во преговорите со светските сили за нуклеарната програма на Техеран. Според него, напредокото во преговорите во изминатите денови е екстремно бавен.
Говорејќи на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк тој потсети дека се приближува крајниот рок за постигнување договор во ноември. Според него, потребно е да се донесат храбри одлуки и предупреди дека нема да има договор доколку меѓународните санкции врз Иран не бидат целосно повлечени.