Венизелос и Бан Ки Мун разговарале и за прашањето за името

грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос

Прашањето за името била една од темите на вчерашниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, во Њујорк. „Нашиот став е многу јасен. Националната позиција е во корист на сложено име со географска одредница, но над се, за внатрешна и надворешна употреба, ерга омнес“, изјави Венизелос по средбата. Тој потсети дека пред неколку недели се сретна со медијаторот Метју Нимиц во Атина и додаде дека Грција е „подготвена да учествува во наредните состаноци“ и го поддржува процесот. „Ние направивме многу чекори, креативни, рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека „се очекува другата страна да направи соодветни чекори со добра волја и продуктивно“.