СДСМ: Груевски да го пренасочи стравот од штрајкот во дијалог со наставниците

Во многу училишта низ Македонија деновиве се врши голем притисок врз членовите на СОНК да не излезат на закажаниот штрајк на наставниците, најавен за 29 септември. Груевски наместо да се сврти кон проблемите што го создаде, тој посегна по притисоци врз членовите на синдикатот. Ова е само доказ дека Владата е таа што се плаши од штрајкот и се труди по секоја цена штрајкот да го спречи, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Една од причините за најавениот штрајк според опозицијата се воведувањето казни за наставниците поради есктерното тестирање и за административните пропусти.