Златна „Камера 300“ за кинематограф од Украина

Украинскиот кинематографер Валентин Васјанович е годинешен добитник на највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, наградата златна „Камера 300“.

Васјанович е награден за неговиот дебитантски филм како снимател и монтажер „Племето“. Меѓународното стручно жири предводено од израелецот Ѓиора Бејач, соопшти дека филмот е совршен пример за поврзување на сценарио, режија, глума и монтажа и еден навистина нов пристап кон филмската камера.

Сребрената „Камера 300“ ја доби Ричард Ленчевски, кинематографер од Полска, кој по трет пат освојува фестивалско одличје,а Бронзената „Камера 300“ годинава му припадна на кинематограферот Ентони Тат Редклиф од Велика Британија.