Времето променливо и посвежо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат позастапени во северните и источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 17, а дневната ќе биде од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Постепена стабилизација на временска состојба со пораст на дневната температура ќе настапи од четврток.