Иран и Саудиска Арабија отвораат нова страница во политичките односи

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Амир Абдолајан изјави дека имал "позитивни и конструктивни" разговори со министер за надворешни работи на Саудиска Арабија . Абдолајан беше во Џеда на првите билатерални разговори на високо ниво меѓу овие две земји откако иранскиот претседател Хасан Рохани беше избран минатата година. По состанокот со принцот Сауд ал-Фајсал, Абдолајан изјавидека двете страни ја истакнале потребата од отворање на нова страница на политичките односи. Тој изјави дека двајцата разговарале околу прашањата за регионалната безбедност, како што се појавата на милитантната група Исламска држава во Ирак и ситуацијата во Газа. И двете земји Саудиска Арабија управувана од Сунитите како и шиитски доминантниот Иран се гледаат со сомнеж едни кон други, а нивниот однос е дополнително оптоварен со граѓанската војна во Сирија. Саудиска Арабија ги поддржува бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал-Асад, кој е поддржан од Техеран.