Во Украина влегле оклопни возила од Русија

Украинските власти денеска соопштија дека неколку десетици оклопни транспортери и тенкови влегле од Русија и оти биле во тек борби со украинските граничари во близина на градот Мариупол. Проруските сепаратисти соопштија дека покренале голема контраофанзива против украинската војска. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва планира да испрати уште еден хуманитарен конвој за Украина. Тој рече дека Русија ја информирала Украина за оваа намера и оти се надева дека на подобра соработка со Киев отколку што тоа беше со првиот хуманитарен конвој. Лавров оцени дека нема ништо понижувачко во јавното парадирање на украинските заробеници на улиците на Доњецк во текот на викендов.