Милитантите од Исламската држава објавија видео во кое го повикуваат иррачкото малцинство на јазидите да го прифатат исламот. Видеото доаѓа по меѓународната осуда за Исламската држава по убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли и по убиството на стотици јазиди, меѓу кои жени и деца во Ирак. За време на офанзивата во северен Ирак, милитантите на јазидите им дадоа ултиматум или да го прифатат исламот или да се соочат со смртта.