Полицијата во американската држава Мисури, во текот на изминатата ноќ уапсила уште 47 лица во градот Фергусон, каде што продолжија протестите поради убиството на едно авро-американско момче од страна на полицаец. Демонстрантите биле во помал број отколку претходните денови, а полицијата застрелала вчера уште еден афро-американец кој имал нож.
Инаку, американскиот главен јавен обвинител Ерик Холдер денеска ќе престојува во Фергусон на средба со истражителите за убиството.