Израел почна со повлекување на војниците, продолжуваат воздушните напади

Израел денеска започна со повлекување на копнените трупи од Појасот Газа, но воздушните напади продолжуваат, а убиени се и најмалку девет Палестинци. Портпаролот на армијата рече дека повеќето од војниците се враќаат на израелска територија утринава. Во меѓувреме делегација на Хамас пристигна во Каиро за индиректни разговори за прекин на огнот со Израел кои се водени од египетски и американски посредници. Израел вчера соопшти дека нема да пратат свои претставници според планот обвинувајќи ги палестинските исламисти дека ги доведуваат во заблуда меѓународните посредници. Претходно израелската војска соопшти дека нивниот војник кој се водеше како исчезнат во Појасот Газа е мртов и дека е убиен во борба.