Изречен притвор во отсутство за Саакашвили

Грузискиот суд нареди предистражен притвор во отсуство за порашениот претседател Михаил Саакашвили. Одлуката на судот во Тбилиси донесена вчера доцна вечерта следува откако на 28 јули канцеларијата на главниот јавен обвинител поднесе обвинение против Саакашвили за злоупотреба на службената положба. Поранешниот претседател кој ја водеше државата од 2004 до 2013 година ја напушти земјата лани откако заврши неговиот втор претседателски мандат. Обвинувањата против него се однесуваат на злоупотреба на службената положба поради задушувањето на антивладините протести во Тбилиси во 2007 година, како и немирите за преземање на телевизиската станица Имеди. Соединетите дражви и Европската унија изразија загриженост поради обвинувањата против него.