ОН повикуваат на повторно примирје во Појасот Газа

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

ОН соопштија дека се шокирани и разочарани од Хамас и повикаа веднаш да биде ослободен израелскиот војник. Но, од ОН изразија загриженост и за продолжувањето на изралеските напади врз Појасот Газа. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика двете страни да покажат максимална воздржаност и повторно да се вратат на примирјето, кое траеше кратко време.