САД со обвинување до Хамас за прекин на примирјето

Американскиот државен секретар Џон Кери

САД го осудија убиството на двајца израелски војници и киднапирањето на друг од страна на палестинските милитанти и ги обвинија Хамас за прекршување на тридневното хуманитарно примирје во Појасот Газа. Американскиот државен секретар Џон Кери го повика Хамас итно и безусловно да го ослободи израелскиот војник. Тој ја повика меѓународната заедница да преземе напори за да се стави крај на нападите против Израел.