Прослава на Рамaзан Бајрам низ целиот свет

Милиони муслимани низ целиот свет денеска го прославуваат Рамазан Бајрам по едномесечниот пост. Муслиманите во Индонезија, Малезија и Филипини, како и во Блискиот Исток , Европа и САД денес го одбележуваат празникот за разлика од Индија, Пакистан и Мароко кои најверојатно тоа ќе го направат утре.

Муслиманите го користат лунарниот календар, според кој се случува понекогаш празникот да се падне во различен ден. Овогодинешната прослава во некои земји е засенета од конфликтите, како сириската граѓанска војна, војната во Газа и офанзивата на милитантите во Ирак.