"Богохулство" на Фејсбук разгоре нереди во источен Пакистан

Пунџаб, Пакистан, 28.07.2014

Толпа луѓе запалила неколку куќи на малцински Ахмади муслимани во источен Пакистан, а била убиена и една жена и нејзините две внуки. Нередите во провинцијата Пунџаб избувнаа синоќа откако некој член на тоа малцинство бил обвинет за постирање богохулни материјали на Фејсбук.