„Од сон до сонце“ е мотото на годинешното одбележување на 2 август

„Од сон до сонце“ е мотото под кое оваа година ќе биде одбележан најголемиот македонски празник - 2 Август, на кој се слави јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

Како што изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, согласно владината Програма за одбележување на националниот празник која беше усвоена на последната седница на Владата, предвидени се низа активности од спортски, културен, едукативен и државнички карактер.

На централната свеченост во Скопје ќе се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов, на собирот во Крушево ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а во Пелинце премиерот Никола Груевски.