Протести пред руската амбасада во Малезија

Телата на жртвите од падот на малезијскиот авион во источна Украина.

Стотици Малезијци денеска протестираа пред руската амбасада во Куала Лумпур барајќи правда за жртвите од падот на мелзијскиот авион во источна Украина во минатата недела. Демонстрантите бараат одговорните за соборувањето на авионот со 298 патници и членови на екипажот да бидат уапсени и изведени пред суд. Западните земји ги обвинија проруските сепаратисти за соборување на авионот.