Литванија со критики до ЕУ за пасивноста кон Русија

Претседателката на Литванија, Далиа Грибаускаите, коменирајки го договорт на Франција за продажба на воени бродови на Русија, оцени дека Европската Унија ги компромитира своите вредности. Таа денеска во Вилнус изјави дека во актуелната ситуација, продажбата на воена технологија на Русија е недозволиво, а пасивноста на Европската Унија може да се толкува како повик до агресорот да биде уште поагресивен. Велика Британија се залага за заострување на санкциите против Русија, а Франција и Германија се повоздржани.