Советот за безбедност го осуди соборувањето на авионот

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција со која го осудува соборувањето на малезискиот патнички авион во источна Украина со 298 луѓе и побара од вооружените групи да дозволат сигурен, безбеден, целосен и неограничен пристап до местото на несреќата. Советот ја усвои мерката предложена од Австралија во телевизиско гласање, по цел викенд интензивни преговори и зголемен притисок врз Русија да гласа „за“. Во Резолуцијата исто така се бара непречен меѓународен пристап до местото на несреќата и одговорност за оние кои се одговорни.

САД и нивните сојузници ги обвинија про-руските бунтовници за соборувањето на авионот.

Пред гласањето, рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави: бевме во можност да го подобриме текстот, доволно за да бидеме во состојба да го поддржиме.