Силен земјотрес во североисточна Јапонија

Силен земјотрес од 6,8 степени според Рихтер бил почувствуван доцна синоќа во североисточниот дел на Јапонија, односно во областа Фукушима. Има извештаи и за појава на мали цунами до 20 сантиметри во областа по земјотресот, иако агенциите не јавуваат за евентуални големи штети. Во неколку крајбрежни градови во областа биле издадаени и наредби за евакуација. Во истата облас која беше тешко погодена од земјотрес и цунами во март 2011 загинаа 19.000 луѓе и ја предизвикаа најлошата нуклеарна несреќа по Чернобил.