Амнести интернејшнал- стотици луѓе киднапирани во источна Украина

Амнести интернејшнал соопшти дека стотици луѓе се киднапирани во источна Украина во изминатите три месеци, главно од проруските сепаратисти и оти повеќето од жртвите биле мачени.

Заменик директорот за Европа и Централна Азија во Амнести интернејшнал, Денис Кривошеев, денеска изјави дека, освен од проруските сепаратисти, постојат докази за помал број случаи извршени од украинските сили. Организацијата соопшти дека нема сеопфатни и веродостојни податоци за точниот број на киднапирања, но оти украинското Министерство за внатрешни работи пријавило за скоро 500 случаи помеѓу април и јуни 2014 година.

Се наведува дека мониторинг мисијата за човекови права на ОН во Украина забележала 222 случаи на киднапирања во изминатите три месеци.