Ване Цветанов нема да одговара за шпионажа

Ване Цветанов

Обвинителството во судскиот процес за случајот „ Шпион“ на денешната јавна расправа се откажа да го гони поранешниот поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов за кривичното дело шпионажа. Тој ќе одговара за злосторничко здружување, и оддавање на државни тајни. Обвинителството кое ги даде завршните зборови за случајот во кој 19 лица се осомничени за шпионажа ги и преправи правните квалификации за поранешниот припадник на полицијата Горан Стојков, како и за поранешниот разузнавач Александар Диневски, кој наместо за шпионажа, сега е обвинет за помагање шпионажа.