Украинска анти-терористичка операција

Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме нашата земја, изјави претседателот Петро Порошенко, по што изутрината, по 10-дневниот прекин на огнот, украинските сили ја продолжија анти-терористичката операција на истокот на Украина.

Украинската влада соопшти дека изутрината продолжи антитерористичка операција против проруските сепаратисти, откако 10-дневното примирје не успеа да ја разреши кризата на истокот на земјата.

Парламентарниот спикер Олександар Турчинов изјави дека вооружени сили ги напаѓаат упориштата на терористите.

Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно изјави дека нема да го обнови прекинот на огнот и оти украинските сили ќе почнат офанзива против бунтовниците во источна Украина. Прекинот на огнот, кој беше дел од неговиот план за прекинување на прорускиот бунт на истокот, заврши доцна вчера.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Порошенко - прекинот на огнот заврши

Во видео пораката на Порошенко на неговиот веб сајт, тој вели дека прекинот на огнот е запрен.

„Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме нашата земја“, изјави Порошенко во пораката која доаѓа по неговата средба со шефовите за безбедност.

Претходно вчера тој телефонски разговараше со лидерите на Русија, Германија и на Франција, истакнувајќи дека бунтовниците не ги исполнуваат условите за мир.