Верификувани мандатите на пратениците на местата на министрите

Собранието денеска ги верификуваше мандатите на новите пратеници кои дојдоа на местата на премиерот и министрите. На местото на Гордана Јанкулоска доаѓа Марија Ангелова, а на местото на Никола Попоски ќе седне Алим Билали. Зоран Ставревски пратеничката функција и ја препушти на Благородна Бојаџиева, а Никола Тодоров на Ѓорѓи Коџабашиев. На местото на Диме Спасов ќе биде докторот Андон Чебишев. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и го отстапува местото на досегашната потпретседателка на Собранието, Светлана Јакимовска, а Муса Џафери на Муса Ибраими. Фунцијата пратеник ќе ја извршува и Драган Донев кој доаѓа на местото на премиерот Никола Груевски.