Спречен шверц на Албанци од Франција во Британија

Илустрација.

Француската полиција, деновиве, уапси околу 200 Албанци без документи, во обид на илегален начин од Франција да заминат за Велика Британија. Заедно со нив уапсени се и 12 други лица под обвинение „недозволена трговија со луѓе“, јави дописникот на МИА од Тирана.

„Уапсените шверцери организирале транспорт со брод за цена од седум до 10.000 евра по човек. Едно албанско семејство со четири деца платило 15.000 евра за да биде префрлено од Франција во Велика Британија. Илегалците се Албанци од Албанија и од Косово, а меѓу нив и голем број деца“, соопшти француската полиција.