Нема договор на средбата Груевски-Заев

Средба на премиерот Никола Груевски со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Средбата на лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев заврши без да биде постигнат договор за надминување на политичката криза. Заев по средбата изјави дека договор не може да има бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ немало расположение за прифаќање на клучниот услов, техничка влада. Тој порачал и дека не е оптимист оти ќе се најде решение. Се очекува и изјавата на премиерот Груевски.