Порошенко и Путин разговарале за украинската криза

Украинскиот претседател Петро Порошенко и неговиот руски колега Владимир Путин зборувале за можниот прекин на огнот во источна Украина каде што украинските сили се во судир со руските сепаратисти.
Според официјален Кремљ, Порошенко и Путин исто така разговарале и за смртта на двајцата новинари на руската државна телевизија која беше објавена претходно вчера.
Според руските медиуми тонецот Антон Волошин и дописникот Игор Корнелиук биле убиени откако влетале во оган додека ги покривале борбите во близина на источниот град Луганск.
Советот за безбедност на Обединетите нации побара истрага за насилството против новинарите во Украина и изрази загриженост. Реагираа и други организации меѓу кои и ОБСЕ и Репортери без граници.