Олимпискиот шампион Кајзенбах обвинет за сексуални напади

Двократниот олимписки шампион во џудо Петер Кајзенбах од Австрија е под истрага затоа што наводно сексуално ги злоупотребувал малолетниците на кои им бил тренер. Државниот обвинител во Виена потврди дека истрагата почнала минатата година, откако ќчетири жени поднеле пријава против својот поранешен тренер. Ако биде прогласен за виновен, 54 годишниот Кајзенбах би можел да биде осуден на 10 годишна затворска казна.