ФИФА може да му го одземе светското првенство во 2022 на Катар

Илустрација.

Потпретседателот на светската фудбалска федерација ФИФА, Џим Бојс, изјави дека ќе поддржи повторно гласање за нов домаќин на светското првенство во 2022 година што треба да се одржи во Катар, ако обвинувањата за корупција се покажат како точни. Бојс ова го изјави денеска за Би-Би-Си, откако „Сандеј тајмс“ објави дека функционери на ФИФА добиле вкупно 5 милиони долари за поддршката на кандидатурата на Катар. Претседателот на етичкиот комитет на ФИФА, Мајкл Гарсија, ги истражува ваквите сомневања и рече дека се надева дека ќе го претстави извештајот до крајот на годинава.