Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека во бомбардирањата на сириските владини сили врз Алепо од почетокот на годинава досега биле убиени над 2 илјади луѓе. Од почетокот на конфликтот во Сирија во март 2011 година досега загинале над 160 илјади луѓе.