МВР: немало попречување на новинарите во Ѓорче Петров

.

Министерството за внатрешни работи денеска издаде соопштение во врска со претставката за попречување во новинарската работата при следењето на протестите во Ѓорче Петров. По поднесувањето на претставката од тројца новинари, како што се додава, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди започнал истрага за наводите за постапувањето на лица кои се претставиле како полициски службеници и кои носеле маскирни униформи со црни заштитни елечиња. Било разговарано со полицајци и бил извршен увид на интернет страниците во кои работат новинарите, односно „ТВ Нова“, „Радио Слободна Европа“ и „Фокус“. Притоа, како што се наведува, било утврдено дека од претпоставените старешини не постои никаква наредба за ограничување на движењето на претставниците на медиумите, ниту пак забрана за снимање на протестите. Напротив, поради страв од можноста снимките или фотографиите да бидат искористени од полицијата при идентификувањето на насилните учесници во протестите, добиени се неколку усни поплаки од новинари на кои им биле упатувани закани и забрани од учесници во толпата. Исто така, не можело да се утврди дека некој воопшто бил инволвиран во настан како што е наведен во претставката, односно одземање и бришење на снимен видео материјал и фотографии.