Народната банка очекува раст на економијата од 3,7 отсто

Димитар Богов.

Непроменети оценки за динамиката на растот на домашната економија, очекува Народна банка, односно 3,7 проценти за оваа и 4,4 проценти за наредната година.
Непроменети оценки за динамиката на растот на домашната економија, очекува Народна банка, односно 3,7 проценти за оваа и 4,4 проценти за наредната година. Гувернерот Димитар Богов при презентација на ревизијата на макроекономските проекции порача дека проекцијата и натаму останува иста, како што предвиделе и во октомври минатата година.
Основните претпоставки за ваквата наша проекција се позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети коишто се врз база на странски директни инвестиции. Исто така јавниот сектор ќе продолжи со инвестицискиот стимул. Закрепнување имаме на пазарот на работна сила и кредитната поддршка ќе продолжи со едно солидно темпо.
Димитар Богов, гувенер на НБРМ.

„Основните претпоставки за ваквата наша проекција се позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети коишто се врз база на странски директни инвестиции. Исто така јавниот сектор ќе продолжи со инвестицискиот стимул. Закрепнување имаме на пазарот на работна сила и кредитната поддршка ќе продолжи со едно солидно темпо“, вели гувернерот.

Носител на растот на БДП, како што вели Богов, ќе биде извозот, како и домашната побарувачка.

„Но, поголемиот извоз по својата природа ќе услови и поголем увоз, пред сè увоз на стоки за репродукција коишто се користат во новите капацитети и инвестиции коишто се исто така врзани со новите капацитети, а нешто поинтензивно во 2015 се очекува и увозот на стоки за потрошувачка“, вели тој.

Богов вели дека направена е надолна корекција на проекцијата за инфлацијата, односно таа ќе се движи на 1 процент во 2014 година, а во 2015 на 1,8 проценти. Во однос на намалувањето на девизните резерви, тој порачува дека тоа било очекувано и дека тие сега се вратиле на истото ниво. Но, според Богов макроекономските проекции зависат и од надворешното опкружување, бидејќи нашата економија е мала.

„Надворешниот амбиент е главно непроменет во однос на она што беше при октомвриската рунда на проекции, задржан е континуитетот на закрепнување на глобалната економија, иако сè уште има одредени надолни ризици. Исто така имаме нови моменти, тоа се геополитичките тензии коишто се појавија во Украина и коишто можат да имаат значително влијание врз закрепнувањето на европската економија пред сè“, вели Богов.

Од Народна банка очекуваат задржување на поволните трендови кај кредитирањето од страна на банките.