Вељаноски избран за претседател на новиот собраниски состав

Пратениците со 87 гласа „за“ и без ниту еден против и воздржан од присустните, денеска за претседател на Собранието на Република Македонија го избраа Трајко Вељаноски, за кого ова ќе биде трет мандат.Вељаноски беше единствен предложен кандидат за претседател на Собранието од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Првиот парламентарец во своето обраќање пред Собранието повика на државно единство и побара од пратениците од опозицијата да дејствуваат во рамките на Уставот и на законите, односно да дојдат во Парламентот. Демократијата, според него, не познава друг начин на работа освен аргументирана дебата и меѓусебно уважување.