Русија бара Украина однапред да плати за снабдувањето со гас

Русија бара Украина однапред да плати за идната испорака на гас поради претходните неплатени сметки кои изнесуваат неколку милијарди долари. Министерот за енергија, Александар Новак изјави дека Русија воведува нов режим од 1 јуни, откако Украина го пропушти рокот до 7 мај да го плати долгот.Украина вети дека ќе го плати долгот, но Киев се противи на новата цена на компанија за гас Гаспром. Во март, откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович беше соборен, Гаспром ја зголеми ценатата од 285 долари по 1.000 кубни метри за гас, на 485 долари. Министерот за енергија на Украина Јуриј Продан вчера изјави дека е подготвен да плати фер пазарна цена за гасот, но дополни дека новата цена на Гаспром е неоправдана и дискриминаторска.